Здружението Институт за развој на заедницата во рамки на проектот “Стручнo образование и обука: Нов пристап за ефективна социјална вклученост” Бр. на договор 12-9131/1 финансиран од Европската Унија, има за цел опремување и набавка на 2 (две) професионални пекарски печки за казнено-поправните установи во Штип и Тетово.

Вашата понуда заедно со заверката за прием на ова барање, потребно е да ни ja доставите во рок од 10 календарски дена сметано од датумот на објава на ова барање, но не подоцна од 19-ти Август 2016 и тоа електронски на е-пошта: info@irz.org.mk или во печатена верзија (лично или по пошта), на aдреса ул. Љубо Божиновски – Пиш бр. 82 1200 Тетово.

Понудата треба да биде адресирана до ИРЗ – Тетово со назнака: ЗА ПРОЕКТ: “Стручнo образование и обука: Нов пристап за ефективна социјална вклученост”

За повеќе детали ве молиме посетете го следниот линк:

Baranje za nabavka na profesionalna pekarska pecka ref. br. 15-2016