Денови на доживотно учење 2016

Работилница за користење на дигитални медиуми во образование на возрасни

Попова Шапка, 30.09 – 02.10.2016

 

Со цел да се промовира значењето на  доживотно учење во Република Македонија, и да се поттикнат креативни идеи и пристап за образование на возрасни, 13-та година по ред во Република Македонија се организираат  Денови на доживотно учење. Активностите во регионот на Тетово се организирани од страна на Здружение Институт за развој на заедницата (ИРЗ) – Тетово.

rabotilnica

Предвидените активности во 2016 година се спроведуваат под покровителство на Министерство за образование и наука на Република Македонија, во организација на Центар за доживотно учење – Скопје и ЈУ Центар за образование на возрасни – Скопје, со финансиска поддршка од ДВВ Интернационал-Бон, Германија.

rabotilnica2

Работилницата за користење на дигитални медиуми организирана од  Институт за развој на заедницата – Тетово (ИРЗ), се одржa од 30.09 до 02.10 2016 година на Попова Шапка. На работилницата учествуваа 25 учесници од различни институции, здруженија и организации, кои се стекнаа со знаења за користење на дигитални медиуми во образование на возрасни.