22 Ноември 2017

Здружение Институт за развој на заедницата (ИРЗ) Македонија во Коридонија (Италија) за средбата на ФАССТ, проект Еразмус +

Во рамките на своите проектни активности, со цел да се одговори на растот и конкурентноста на социјалното земјоделство преку иновативни решенија за обуки, претставниците на ИРЗ и неговите партнери го остварија својот прв конзорциумски состанок во Коридонија, Италија, на 15 и 16 ноември 2017 година. Насловот на проектот е “Formazione per Agricoltura Sociale e Sviluppo Territoriale” (FASST), проект е ко-финансиран од програмата Еразмус плус на Европската комисија, клучна акција 2, стратешки партнерства за стручно образование и обука.

FASST го спроведува конзорциум од 9 партнери од 5 европски земји (Италија, Белгија, Бугарија, Македонија, Шпанија). FASST ќе развие бесплатни онлајн и лице-в-лице модули за обука за да ги поттикне иницијативите за социјално земјоделство во Европа. Конзорциумот започна со реализација на Проектот преку планирање на активностите на интелектуалниот резултат 1 за изградба на Платформата FASST и Виртуелната заедница. Потоа, партнерите ги изложија деталите за интелектуалниот резултат 2 со дискусија за заедничката методологија за Проценка на јазот во капацитетот.

Почетниот состанок, исто така, претставуваше одлична можност партнерите да го изберат логото на проектот и веб доменот, со цел да ја поттикнат видливоста на проектот и да започнат активности за дисеминација.

Институтот за развој на заедницата (ИРЗ) е одржлива граѓанска организација која работи на градење на демократско интегрирано и мулти-етничко општество и подобрување на условите за живеење и животниот стандард на граѓаните преку јакнење на капацитетите на поединци, организации и институции. Искуството на ИРЗ се заснова на повеќе од 20 години работа во заедницата преку решавање на потребите на граѓаните и помош и поддршка во надминување на предизвиците.

Улогата на ИРЗ во овој проект е да учествува во развојот, дизајнот, тестирањето и валидирањето на FASST курсеви. По периодот на тестирање и валидација, ИРЗ ќе ги дефинира упатствата за идна обука и нивно идно усвојување.