Здружението Институт за развој на заедницата (ИРЗ) со четири победи во четирите одиграни натпревари на фудбалскиот турнир за граѓански здруженија го зазеде првото место во групата А и се пласира во почуфиналето.

 

ИРЗ преку брзи и прецизни контра-напади доминираше во сите четири натпревари издвојувајќи лесни и убедливи победи. Комбинацијата на најефикасниот напад на целиот турнир, со постигнати 19 погодоци, и една од најсилните одбрани со примени само 4 (четири) голови се покажа преголем залак за противниците на ИРЗ.

На 20 Јуни 2013 (четврток) со почеток во 20.00 часот во салата Христо Батанџиев во Волково, екипата на ИРЗ ќе се сретне со второпласираната екипа од групата Б, каде што конкуренцијата е исклучително изедначена и дури четири од петте екипи имаат по 6 поени  па се очекува разврска во последното коло од фазата по групи кое што се игра во вторник.