Со искуството стекнато во ИРЗ, практикантите и вработените во ИРЗ се квалификувани и најчесто наоѓаат работа во други домашни и странски организации и институции.

Повик за практикант/ка

Здружение ИРЗ (Институт за развој на заедницa) – Тетово работи на програми чија што цел е да го подобри квалитетот на живеење на граѓаните во Тетово. За имплементација на своите програмски активности, ИРЗ има потреба од практикант/ка кој што активно ќе биде вклучен/а во работата на ИРЗ.


Потребни квалификации

• познавање на англиски јазик
• напредно познавање на работа со компјутерски програми
• завршено високо образование се смета за предност
• задолжително да поседува возачка дозвола (со возачко искуство)

Практикантот ќе ги има следниве задолженија
• поддршка при административно работење
• спроведување на проектни активности
• Учество на семинари и конференции во земјава и странство
• други задолженија

Придобивки за практикантот

• надградба и зајакнување на сопствени капацитети
• стекнување со нови знаења и искуства
• стекнување на искуство при работа во тим на проекти
• патувања во земјата и странство
• учество на конференции, семинари и други образовни настани (добивање сертификати)
• можност за користење на техника (скенер, принтер, фотокопир, графичка табла, ЛЦД проектор итн.)
• можност за вработување во случај на добиена финансиска поддршка
• дружење, забава и споделување на позитивна енергија.

Практиканството се спроведува во просториите на ИРЗ-Тетово секој работен ден од 10 часот до 14 часот.
Сите заинтересирани би требало да испратат писмо за мотивација и стручна биографија на следната адреса: info@irz.org.mk или пополнете го електронскиот формулар