Вториот состанок во рамките на проектот AXESS (Стекнување на Клучни компетенции за Економска и Социјална Одржливост) се одржа во Пескара, Италија на 3-ти и 4-ти Мај. На состанокот учествуваа партнерите од Конзорциумот составен од 8 организации од 7 Европски држави (Белгија, Грција, Италија, Република Македонија, Романија, Словачка, Шпанија).

AXESS е Европски Проект ко-финансиран од Еразмус Плус Програмата на Европската Комисија, Клучна Aкција 2. Целта на проектот е да развие и потврди иновативни обуки за подобрување на дигиталните вештини на возрасните во Европа, со фокус на возрасни жени со ниски квалификации.

За веме на состанокот, партнерите ги анализираа досега постигнатите резултати и ги планираа задачите и активностите кои треба да се спроведат во наредните месеци. Партнерите ги разгледаа сите активности произлезени од ИО1 – ОЕР Платформа  & Виртуелна заедница и разговараа за клучните наоди од ИО2 – Мапирање на Дигитални Вештини и Компетенции, произлезени преку анализа на специфични ситуации од областа на дигитални вештини кај возрасни жени во рамките на државите од Конзорциумот и во Европа како целина. Состанокот претставуваше можност за финализирање на листата со курсеви за обуки кои треба да се развијат во рамките на ИО3 – AXESS содржина на 7 јазици.

Партнерите од проектот AXESS исто така ги планираа идните активности за Дисеминација со цел да се постигне видливост на Проектот.
Повеќе информации за проектот AXES на:  http://www.axesslearning.eu/