Почитувани,

Здружението Институт за развој на заедницата, Ве поканува да доставите понуда за испорака на услуги за обучувачи за обука на граѓански организации  на горeспоменатиот проект.

  • Понудата треба да ги содржи следниве информации:
  • Финансиска понуда (документ во прилог, анекс 1)
  • Тековна состојба на добавувачот (доколку е правно лице), не постара од една година;
  • Предлог методологија (формулар даден во прилог, анекс 2);
  • Кратка биографија на експерт/и предложен за подготовка на анализа (формулар во прилог, анекс 3)
  • Потпишана изјава за ексклузивност и достапност, (документ во прилог, анекс 4)
  • Потпишана изјава (доколку се работи за правно лице) дека нема правни пречки за реализација на активноста (документ во прилог, анекс 5)

Повеќе информации за бараниот ангажман и начинот на поднесување понуди можете да најдете во документот насловен Услови за работа даден во прилог подолу.

* Забелешка: Проектите финансирани од ЕУ се ослободени од сите давачки, даноци и такси, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ). Оттаму, единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да бидат прифатени.

Документацијата која се поднесува во копија треба да е заверена од добавувачот со печат и потпис од одговорното лице, со назнака „Верно на оригиналот“.

Понудата се доставува во затворен коверт во архивата на Здружението Институт за развој на заедницата – ИРЗ Тетово (ул. Маршал Тито бр 106, 1200 Тетово) и скенирана на е-пошта cdi.dubravka@gmail.com

На надворешната страна на ковертот наведете: ,,За тендер Реф. Бр. IPA/2015/381 941“ и текстот “Да не се отвора пред сесијата за евалуација”.

Докумените во понудата доставени по е-пошта треба да се скенирани и со печат и потпис од одговорното лице.

Понудата треба да се достави во рок од 8 дена од денот на прием на барањето, но не подоцна од 12.02.2018 година (вторник), до 16:00 часот.

Сите понудувачи кои доставиле понуди кои ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани од страна на евалуационата комисија и соодветно известени.

ДОКУМЕНТИ:

  1. Барање за доставување на понуди.docx
  2. Услови за работа.docx
  3. Анекс 1: Финансиска понуда.docx
  4. Анекс 2: Методологија.docx
  5. Анекс 3: Експерт.docx
  6. Анекс 4: Изјава за ексклузивност и достапност.docx
  7. Анекс 5: Изјава од добавувач.docx