НВО Парламент: Активности – На Македонија сега и е потребен претеседател

На денешната прес-конференција, НВО Парламентот ги презентираше досегашните активности во рамките на кампањата: На Македонија сега и е потребен претеседател.ПечатиНа денешната прес-конференција, НВО Парламентот ги презентираше досегашните активности во рамките на кампањата: На Македонија сега и е потребен претеседател. Претставникот на НВО Парламентот, Сретен Коцески, ги извести новинарите за серијата трибини, што во рамките на кампањата се одржаа во: Скопје, Тетово, Битола, Кавадарци, Струмица, Струга и Кочани, поддржани од голем број граѓани, од што може да се заклучи дека Македонија прераснува во високоразвиено демоктратско општество.Коцески истакна дека сите активностите на НВО Парламентот во врска со кампањата: На Македонија сега и е потребен претеседател се без финансиска поддршка од какви било домашни или странски институции.НВО Парламентот, во врска со предизборните кампањи на претседателските кандидати, даде забелешка на големото присуство на малолетни лица на предизборните митинзи и уште една упати повик до граѓаните на Македонија да излезат на фер и демократски избори.