Формулар за практиканти

 

Здружение Институт за развој на заедницa (ИРЗ) – Тетово е непрофитна организација која работи на програми за зајакнување на демократијата и цивилното општество, градење мерки на доверба и подобрување на стандардот на живеење на граѓаните. Со цел да помогне во градење на капацитети на млади невработени лица со високо образование, да се стекнат со вештини кои ќе ги направи конкурентни на пазарот на труд, како и за реализација на своите програмски активности, ИРЗ објавува повик за практикант/ка кој ќе биде вклучен/а во реализација на своите програмски активности. Доколку практикантот се вклопи во својата работа, има можност да биде и работно ангажиран/а.