На 25ти Септември, ИРЗ се состана со 7 партнери од 7 држави (Белгија, Грција, Италија, Македонија, Романија, Словачка и Шпанија) во  Свати Јур, Словачка, за да разговараат за специфични точки од проектот AXESS (Стекнување на Клучни Компетенции за Економска и Социјална Одржливост).

AXESS е Европски Проект ко-финансиран од Еразмус Плус Програмата на Европската Комисија, Клучна Акција 2, која цели кон развивање и потврдување на иновативни тренинзи за подобрување на дигитални компетенции на Европски возрасни со ниски квалификации, особено фокусирајќи се на возрасни жени.

Во рамките на проектот се создадени 10 Тренинг модули и 49 Тренинг Фишеа на 7 јазици (Англиски, Италијански, Македонски, Шпански, Грчки, Романски и Словачки), кои се достапни на AXESS ОЕР Платформа на: www.axesslearning.eu.

За повеќе информации за проектот AXESS и ИРЗ:

www.irz.org.mk

info@irz.org.mk

www.axesslearning.eu