logo-cdi

Почитувани,

Чест ни е да ве поканиме да учествувате на локалната дискусија – Тетово, во рамките на проектот За законско уредување на ученичкото учество во законот за средно образование.

Локална дискусија за средношколци: 29.10.2015 година со почеток во 11:00 часот.

Локална дискусија за возрасни: 30.10.2015 година со почеток во 17:00 часот.

Локалната дискусија е дел од проектот на Коалицијата на младински организации СЕГА. Главни проектни активности се организирање на  локални дискусии низ Република Македонија и конференција.

Локалната дискусија во Тетово ја организира ИРЗ – Тетово.

Во рамките на локалната дискусија Тетово, ќе се презентира Истражувањето на коалицијата на младински организации СЕГА. Истражувањето дава осврт на актуелните политики за вклучување на средношколците т.е за потребата и важноста од регулирањето на правото на учество во средното образование .

Целта на локалната дискусија е да се иницира стуктурурано учество на младите ученици и младинските организации преку граѓански дијалог со релевантните донесувачи на одлуки за да овозможат правни можности за учество во образовните процеси.

Темата на локалната дискусија е многу важна и актуелна и би ни значело вашето присуство,да споделиме искуства, да ги разгледаме актуелните трендови во Р.Македонија и ЕУ за регулирање на учеството на средношколците во законот за средно образование кои како краен продукт треба да бидат формулирани во препораки.

Поканети се учесници/гости претставници од: средношколци, претставници на младински организации, претставници на училишен менаџмент ( директори, професори, педагошко – психолошка служба, претставници од локална самоуправа/совет на Општина Тетово, родители.

Агенда за трибина (29.10.2015)

Агенда за трибина (30.10.2015)