Здружение Институт за развој на заедницата – Тетово објавува отворен повик за консултантски услуги за советување на младите во ризик при процесот за вработување

Консултантските услуги се дел од активностите на проектот Зајакнување на младите преку нови можности, финансиран од Министерството за економска соработка и развој на Германија (BMZ), СОС Детско Село – Германија и Херман-Гмејнер-Фондс Германија (HGFD), спроведен во соработка со СОС Детско Село Македонија. Цел на проектот е помош на младите во ризик преку јакнење на вештините за развој и вештините за вработливост, како и вклучување на младите во ризик на пазарот на труд.

Цели на позицијата/ опис:
• Нуди психосоцијална поддршка на млади на возраст од 16 до 35 години во социјален ризик
• Нуди психосоцијална поддршка на млади без родители.

Очекувани резултати:
• Пружена психосоцијална поддршка на младите
• Одржани по минимум 2 индивидуални сесии по кандидат

Профил на консултантот:
• Да е дипломиран психолог
• Да е лиценциран психолог
• Најмалку 5 години релевантно работно искуство
• Работно искуство во делот на кариерно советување ќе се смета за предност

Временска рамка за ангажманот:
Консултантските услуги ќе бидат спроведени во периодот од јули 2020 до февруари 2022г. За реализација на резултатите од консултантскиот ангажман предвидени се вкупно 125 работни денови. Активностите на консултантот во сите фази на ангажманот ќе се развиваат во непосредна соработка со одговорните лица од Здружението Институт за развој на заедницата – Тетово.
Сите активности на Институт за развој на заедницата – Тетово се реализираат според претходно изработени протоколи за заштита од Ковид 19. Придржувањето кон протоколите за заштита е задолжително и следено од одговорните лица.

Секоја апликација треба да содржи:
1. Мотивациско писмо
2. Кратка биографија
3. Финансиска понуда

Краен рок и услови за аплицирање:
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за консултант за психосоцијална поддршка испратете ги на адресата cdi.project1@gmail.com најдоцна до 17 јули 2020 година, до 16 часот.

За повеќе информации можете да не контактирате на 075-209-876. Лице за контакт: Маријана Аризанкоска

Сите кандидат(к)и ќе бидат известени за резултатите по електронски пат во рок од 7 дена по затворање на конкурсот.