CDI logo

Повик за практикант/ка

ИРЗ (Институт за развој на заедницa) – Тетово е невладина и непрофитна организација која работи на програми за зајакнување на демократијата и цивилното општество, мерки на доверба и подобрување на стандардот на населението. За имплементација на своите програмски активности, ИРЗ има потреба од практикант кој ќе биде вклучен во работата на ИРЗ.

 

Потребни квалификации

  • познавање на англиски јазик
  • напредно познавање на работа со компјутерски програми
  • високо образование се смета за предност
  • задолжително да поседува возачка дозвола (со возачко искуство)

 

Практикантот ќе ги има следниве задолженија

  • поддршка при административно работење
  • спроведување на проектни активности
  • други задолженија

 

Придобивки за практикантот

  • надградба и зајакнување на сопствени капацитети
  • стекнување со нови знаења и искуства
  • стекнување на искуство при работа во тим на проекти
  • патувања во земјата и странство
  • учество на конференции, семинари и други образовни настани (добивање сертификати)
  • можност за користење на техника (скенер, принтер, фотокопир, графичка табла, ЛЦД проектор итн.)
  • можност за вработување во случај на добиена финансиска поддршка
  • дружење, забава и споделување на позитивна енергија.

 

Времетраење на практиканството

Почеток: 1 Октомври 2015

Завршување: 31 Декември 2015

Практиканството се спроведува во просториите на ИРЗ-Тетово секој работен ден од 10 часот до 14 часот.

Сите заинтересирани би требало да испратат писмо за мотивација и стручна биографија на следната адреса: info@irz.org.mk  најдоцна до 30 Септември 2015 година.