CDI logo

Здружение ИРЗ (Институт за развој на заедницa) – Тетово е непрофитна организација која работи на програми за зајакнување на демократијата и цивилното општество, градење мерки на доверба и подобрување на стандардот на живеење на граѓаните. Со цел да помогне во градење на капацитети на млади невработени лица со високо образование, да се стекнат со вештини кои ќе ги направи конкурентни на пазарот на труд, како и за реализација на своите програмски активности, ИРЗ објавува повик за практикант/ка кој ќе биде вклучен/а во реализација на програмски активности од областа на претприемништво, социјално претприемништво и активности кои генерираат приход.

Потребни квалификации

– познавање на англиски јазик

– напредно познавање на работа со компјутерски програми

– високо образование од област на економски науки

 

Практикантот ќе ги има следниве задолженија

– поддршка при административно работење

– развој, дизјанирање и пишување на проекти

– спроведување на проектни активности

– други задолженија

 

Придобивки за практикантот

– надградба и зајакнување на сопствени капацитети

– стекнување со нови знаења и искуства

– стекнување на искуство при работа во тим на проекти

– патувања во земјата и странство

– учество на бизнис форуми, конференции за претприемништво, семинари и други настани

– можност за вработување во случај на добиена финансиска поддршка

– дружење и споделување на позитивна енергија.

 

Времетраење на практиканството

Почеток: 1 Ноември 2015

Завршување: 31 Декември 2015 (со можност за продолжување)

Практиканството се спроведува во просториите на ИРЗ-Тетово секој работен ден од 10 часот до 14 часот. Локацијата на просториите на ИРЗ може да ја најдете на следната интернет страна: www.irz.org.mk. Практикантот не добива финансиска надокнада. Сите трошоци за пат, храна и сместување, во случај на патување во земјава и странство ќе бидат покриени.

Сите заинтересирани би требало да испратат писмо за мотивација и стручна биографија на следната адреса: info@irz.org.mk