Повик до заинтересирани за учество во школата на ИРЗ

 

За да се пријавите да учествувате на обуката Ве молиме пополнете го формуларот што следи подолу.

 

Цел

Целта на програмата е да овозможи на заинтересирани лица да се запознаат со начинот на формирање и функционирање на здруженија на граѓани и менаџирање на проектен циклус.

Обуките ќе се спроведат преку презентации, дискусии, работа во мали групи, на Македонски јазик.

 

Целна група

Целна група на оваа програма се најмалку 10 лица кои што живеат во Тетовскиот регион и кои би сакале да го надградат своето знаење од областа на функционирањето на граѓанскиот сектор и менаџирање на проектен циклус.

Критериуми за учество

  • Високо образование (завршено или апсолвенти)
  • Солидно познавање на Англиски јазик
  • Основно познавање на компјутерските програми Word, Excel, Power Point

Нема старосна граница или ограничување за учество во школата. Во минатото учесници биле лица со различна возраст, на различни работни места, од различни населени места.

 

Организација на програмата

Учесниците ќе бидат организирани во една група од 10 лица. Програмата ќе се состои од 6 часови кои ќе се одвиваат во текот на  месец Април и Мај 2015 год. Предавањата ќе се одвиваат на македонски јазик. Секоја обука ќе трае приближно 90 минути со кратка пауза. Сесијата  може да трае подолго или пократко доколку има потреба од тоа. Сесиите ќе се одржат во просториите на ИРЗ-Тетово.

Мапата со локацијата на ИРЗ-Тетово може да ја најдете на следната интернет страница:  www.irz.org.mk

 

Трошоци за учество во програмата

ИРЗ ќе обезбеди соодветна просторија, канцелариски материјали, освежување за учесниците. За учесниците програмата е бесплатна.

 

Организатор на програмата

Организаторот на програмата е ИРЗ-Тетово  www.irz.org.mk. Предавачи на програмата се луѓе со големо искуство во НВО скеторот, кои ќе пренесат знаења, практични совети и алатки за развој на проектни идеи. Краток опис и стручна биографија за едукаторите се достапни во канцеларијата на Институт за равој на заедницата.

 

Одложување или прекин на програмата

Програмата ќе почне со реализација со најмалку 10 лица. Доколку во текот на програмата интересот за учество се намалува и бројот на посетители е намален под 4 лица, во тој случај програмата може да биде одложена или прекината.

Временска рамка

Пријавување: до 07 Април 2015.

Предвиден почеток на програмата: 9 Април 2015

Предвидено завршување на програмата: 5 Мај 2015

 

Време на одржување на сесии

Првата сесија ќе започне на 9 Април 2015. Сесиите ќе се одвиват два пати во текот на работните денови од неделата. По првиот час, секоја наредна сесија ќе се одржува секој понеделник и среда. Постои можност за отстапување доколку за тоа се согласат учесниците и предавачите на програмата. Сесиите ќе почнуваат во 18:30 часот и ќе траат најмногу 90 минути со кратка пауза.

 

Начин на организирање на сесиите и дискусиите со предавачите

Сесиите и дискусиите со предавачите се предвидени да бидат интерактивни, со можност за прашања и одговори. На почетокот предавачите можат да дадат многу кратко излагање за темата која што е на дневен ред и потоа да се продолжи со дискусија.

 

Предлог програма

  • Основи на функционирање на здруженија на граѓани – начин на формирање, регистрација, потреби и придобивки, начин и функционирање
  • Анализи на состојба – утврдување на моментални состојби и потреби за да се добијат релевантни информации потребни за развој на предлог проекти
  • Што е проект? – Главни елементи на проектот
  • Развој на проект – пишување на проекти
  • Подготовка на буџет за проекти
  • Пристап до донатори/обезбедување на финансиски средства

Доколку Ви се потребни дополнителни информации, Ве молам да контактирате со нас на следната емаил адреса: info@irz.org.mk

 

ВАЖНО: Краен рок за доставување на апликациите за учество на школата е 7 Април 2015 до 16.00 часот.