CDI logo

Повик за упис на кандидати во девета генерација на школата на ИРЗ

 

1. Цел

Целта на програмата е да овозможи на заинтересирани лица да се запознаат со начинот на формирање и функционирање на здруженија на граѓани и менаџирање на проектен циклус. Обуките ќе се спроведат преку презентации, дискусии, работа во мали групи. Обуките ќе се спроведат на Македонски јазик.

 

2. Целна група

Целна група на оваа програма се најмлаку 10 лица кои што живеат во Тетовскиот регион и кои би сакале да го надградат своето знаење од областа на функционирањето на граѓанскиот сектор и менаџирање на проектен циклус.

Критериуми за учество

  •  Високо образование (завршено или апсолвенти)
  •  Солидно познавање на Англиски јазик
  •  Основно познавање на компјутерските програми Word, Excel, Power Point

 

3. Организација на програмата

Учесниците ќе бидат организирани во една група од 10 лица. Програмата ќе се состои од 6 часови кои ќе се одвиваат во текот на месец Септември и Октомври 2015 год. Предавањата ќе се одвиваат на македонски јазик. Секоја обука ќе трае приближно 90 минути со кратка пауза. Сесијата може да трае подолго или пократко доколку има потреба од тоа.

Сесиите ќе се одржат во просториите на ИРЗ‐Тетово. Мапата со локацијата на ИРЗ‐Тетово може да ја најдете на следната интернет страница: www.irz.org.mk

 

4. Трошоци за учество во програмата

ИРЗ ќе обезбеди соодветна просторија, канцелариски материјали, освежување за учесниците. За учесниците програмата е бесплатна.

 

5. Организатор на програмата

Организаторот на програмата е ИРЗ‐Тетово www.irz.org.mk. Предавачи на програмата се луѓе со големо искуство во НВО скеторот, кои ќе пренесат знаења, практични совети и алатки за развој на проектни идеи. Краток опис и стручна биографија за едукаторите се достапни во канцеларијата на Институт за равој на заедницата.

 

6. Одложување или прекин на програмата

Програмата ќе почне со реализација со минимум 10 лица. Доколку во текот на програмата интересот за учество се намалува и бројот на посетители е намален под 4 лица, во тој случај програмата може да биде одложена или прекината.

 

7. Временска рамка

Пријавување: до 15 Септември 2015.

Предвиден почеток на програмата: 20 Септември 2015

 

8. Време на одржување на сесии

Првата сесија ќе започне на 20 Септември 2015. Сесиите ќе се одвиват два пати во текот на работните денови од неделата. Секоја наредна сесија ќе се одржува секој понеделник и среда. Постои можност за отстапување доколку за тоа се согласат учесниците и предавачите на програмата. Сесиите ќе почнуваат во 17:30 часот и ќе траат најмногу 90 минути со кратка пауза.

 

9. Начин на организирање на сесиите и дискусиите со предавачите

Сесиите и дискусиите со предавачите се предвидени да бидат интерактивни, со можност за прашања и одговори. На почетокот предавачите можат да дадат многу кратко излагање за темата која што е на дневен ред и потоа да се продолжи со дискусија.

 

10. Предлог програма

Основи на НВО и менаџирање со проектен циклус

 ● Основи на функционирање на здруженија на граѓани – начин на формирање, регистрација, потреби и

    придобивки, начин и функционирање

● Анализи на состојба – утврдување на моментални состојби и потреби за да се добијат релевантни

   информации потребни за развој на предлог проекти

● Што е проект? ‐ Главни елементи на проектот

● Развој на проект ‐ пишување на проекти

● Подготовка на буџет за проекти

● Пристап до донатори/обезбедување на финансиски средства