20ти  Септември, 2019

8 партнери од 7 Европски земји (Белгија, Романија, Шпанија, Грчка, Италија, Македонија, Словакиа)  на 20ти  септември, 2019 беа во Тетово за третиот состанок на ТЕСЕУС- Тренинг за претприемачки вештини за  ЕУ стартапи, проект финансиран во рамките на програмата на Ерасмус +  на Европската комисија, КА2, Стратешко партнерство за стручно образование и обука. Проектот подржува вистинско претприемништво и создавање компании за негување на претприемничкиот талент на учениците од ИВЕТ преку создавање иновативни алатки и содржини за обука и за наставниците / менторите и учениците од ИВЕТ за тоа како да се идентификуваат деловните потенцијали и да се претворат во вистински компании и стартапи . Иновативни алатки и содржина за обука ќе бидат создадени по детална анализа на состојбата со  во Европа и во земјите кои се дел од проектот . Откако ги анализираа претприемачките аспекти на ЕУ ниво и на земјите кои беа вклучувани (Белгија, Грчка, Италија, Романија, Шпанија, Словачка и Македонија) партнерите создадоа  драфт од ресурсите за обука кои што беа дискутирани на состанокот- заедно со индикации за подобра финализација- со цел да ги направи по релевантни и поефикасни за целната група. Ваквите курсеви ќе бидат преведени на 7 јазици: Англиски, Грчки, Италијански, Македонски, Романски, Словачки и Шпански.

За време на состанокот се дискутираше и за аспектите на дисеминација, искористување и обезбедување квалитет, за да се обезбеди непречена примена и најголема видливост.

Институтот за развој на заедницата (ИРЗ Македонија)   е одржлива  НВО со 20-годишно искуство на претприемништво како средство за социјална кохезија во мултиетничко општество. ИРЗ е силно ангажирана во претприемништво на локално и меѓународно ниво и го носи во TESEUS своето меѓународно искуство во транзициска економија, каде што почетното создавање беше(е) клучен елемент на социо-економското зајакнување

Развивањето на почетна промоција и алатки за креирање на фирма  на наставниците / менторите на ИВЕТ, со цел тие да можат да го идентификуваат и негуваат претприемачкиот талент на своите ученици и да ги придружуваат кон почетно создавање и инкубација е една од задачите на кои што ИРЗ работеше во изминатиот период заедно со сите партнери.

За дополнителни информации за иницијативите на TESEUS и Институтот за развој на заедницата:

www.teseusproject.eu

www.irz.org.mk

https://www.facebook.com/irztetovo/?ref=br_rs

info@irz.org.mk