Институтот за развој на заедницата (ИРЗ) – Тетово, во рамките на своите програмски активности, работи на реализација на проектот “Органика” .

Проектот е дел од активностите на МРР за поддршка на проектни иницијативи на организациите членки. Проектот е во времетраење од два месеци. Партнер на проектот е Здружението на жени фармери Моја Фарма – Гостивар.

Цел на проектот е зголемување на интересот на земјоделците за производство на органска храна, надградување на знаењата, вештините на граѓаните за поквалитетно производство на органска храна преку консултации, советувања, информирање, едуцирање на граѓаните. Активностите во рамките на проектот ќе ја подобрат нивната работа со што ќе се влијае на приходите на семејствата, а воедно ќе допринесе и за рурален развој.

 

За повеќе информации посетете ја следната веб страница: www.organika.irz.org.mk