Проект ENSEMBLE завршен состанок

Бастиа, Франција, 26ти Јуни 2019

 

Здружението Институт за развој на заедницата (ИРЗ) – Тетово со свои претставници учествуваше на завршниот состанок во рамките на проектот ENSEMBLE. Состанокот се одржа во Бастиа, Франција на 26ти Јуни 2019. На состанокот учествуваа 7 проектни партнери од 5 држави (Франција, Белгија, Македонија, Италија, Шпанија).

Проектот ENSEMBLE – “Неформални вештини за зајакнување на мигрантите и локалната економија” има за цел развивање и потврдување на иновативен механизам за неформално и информално учење (НФИЛ) со фокус на потребите на мигрантите. Тоа им помага на обучувачите за стручно образование да ги идентификуваат и проценат неформалните и информалните вештини на мигрантите, овозможувајќи им да имаат централна улога во процесот на интеграција. Проектот е ко-финансиран од Еразмус + Програмата на Европската Комисија.  ENSEMBLE Конзорциумот го сочинуваат институции за стручно образование и обука, граѓански организации и истражувачки институти.

За време на состанокот членовите на Конзорциумот разменија информации за досегашните активности и  анализираа можности за понатамошни подобрувања на Проектните резултати. Општиот преглед на пилот фазата им помогна во дискусијата за можни подобрувања на формализираната верзија на ENSEMBLE иновативниот НФИЛ механизам и ENSEMBLE упатството. На состанокот проектните партнери направија план за подготовка на финалниот извештај.

 

Повеќе информации за ENSEMBLE:

www.projectensemble.eu

www.irz.org.mk