Здружението “Институт за развој на заедницата” ИРЗ – Тетово, учествуваше на Третиот Транснационален Проектен Состанок во рамките на проектот ENSEMBLE на 5-ти и 6-ти Септември 2018 во Бастиа, Франција.

Проект ENSEMBLE – “Неформални Вештини за Зајакнување на Мигрантите и Локалната Економија” е ко-финансиран од Еразмус+ Програмата на Европската Комисија. Во рамките на проектот ќе се развие и

вреднува иновативен механизам за НФИУ со фокус на потребите на мигрантите кој ќе им помогне на ВЕТ едукаторите да ги идентификуваат и оценат професионалните компетенции за НФИУ на мигрантите, овозможувајќи им притоа да имаат централна улога  во  процесот на интеграција.

За таа цел Проектот ENSEMBLE соединува 7  партнери од 5 држави (Франција, Белгија, Поранешна Југословенска Република Македониај, Италија, Шпанија) претставувајќи ВЕТ институции, НВО-и и Истражувачки Институти.

За време на состанокот Партнерите имаа можност да ги дефинираат крајните чекори од Резултат 3  “Иновативен Прототип на НФИУ” дискутирајќи за детали на ENSEMBLE алатките и механизмите, и да ја планираат активноста Обука. Понатаму, Конзорциумот ги постави основите на Резултат 4  “Формализирана Верзија на Ensemble Иновативниот НФИУ Механизам и Прирачник”.

Состанокот исто така претставуваше можност да се разгледа стратегијата за Дисменација и да се планираат ENSEMBLE Мултиплаер настаните “Дознај за ENSEMBLE”, кои проактивно вклучуваат институции и експерти од заедницата, вклучувајќи  креатори на политики во полето на ВЕТ И мигранти.

Повеќе информации за ENSEMBLE:

www.projectensemble.eu

www.irz.org.mk