На 19 септември, 2019 ИРЗ се сретнаа со 9 други партнери од 5 земји (Белгија, Бугарија, Италија, Македонија и Шпанија) во Тетово, Македонија, со цел да дискутираат специфични точки на ФАССТ (Formazione per Agricoltura Sociale e Sviluppo Territoriale/ Обука за социјално земјоделство и територијален развој), кофинансиран од програмата Еразмус + на Европската комисија.

Целите на ФАССТ се да се унапреди ефективноста на социјалното земјоделство на системско и практично ниво преку развивање на конкретна и релевантна обука за секторот (и давателите на услуги и социјалните земјоделци), да се реализира обуката за да се проверат нејзината важност и релевантност, да се развие систем на одржливост, интегрирање и преземање на обуката преку платформата за  Отворени Образовни Ресурси преку ко-финансирање на ЕК.

 

За време на проектот, платформата за отворени образовни ресурси е креирана со бесплатен пристап за сите, така што операторите за социјално земјоделство и заинтересираните странки можат да имаат пристап до развиените тренинг курсеви. Ваквите модули беа  развиени врз основа на детално истражување на ниво на ЕУ и во вклучените земји (Белгија, Бугарија, Италија, Македонија, Шпанија) кои истакнаа голем дел од неистражени и неискористени потенцијали за социјално вклучување, вработување и рурален развој и со недостаток на кохерентна регулаторна рамка и дефиниција на ЕУ и национално ниво што ја имаат многу малку земји-членки на ЕУ. Финалниот извештај е достапен на http://www.fasstproject.eu/pdf/FASST_IO2_Final_Report.pdf.

Партнерите потоа ги тестираа курсевите за обука на повеќе од 300 претставници на целните групи, добивајќи повратни информации за понатамошно уредување на курсевите. 12 модули за обука беа изработени и достапни на http://www.fasstproject.eu/training.php на 5 јазици (бугарски, англиски, италијански, македонски, шпански)

 

За време на состанокот, Партнерите ги разгледаа сите испорачани материјали во текот на последните 2 години и ги финализираа насоките за идните обуки како референца за понатамошно искористување на резултатите од проектот.

Институтот за развој на заедницата (ИРЗ) е одржлива граѓанска организација која работи на градење демократско интегрирано и мултиетничко општество и подобрување на условите за живот и животниот стандард на граѓаните, преку зајакнување на капацитетите на поединците, организации и институции. Искуството на ИРЗ се заснова на повеќе од 20 години работа во заедницата преку решавање на потребите на граѓаните и помош и поддршка за надминување на предизвиците.

Улогата на ИРЗ во овој проект е да учествуваат во развој, дизајн и тестирање и валидирање на обуки за FASST. По периодот на тестирање и валидација, ИРЗ ќе дефинира упатство за идни обуки и идни усвојувања.

Институт за развој на заедницата

www.irz.org.mk

https://www.facebook.com/irztetovo/?ref=br_rs

info@irz.org.mk