Економска и Социјална Одржливост во Европа: AXESS Курсеви за обука достапни на ОЕР Платформа

27ми Февруари 2019

AXESS (Стекнување на Клучни Компетенции за Економска и Социјална Одржливост) е Европски Проект ко-финансиран од Еразмус Плус Програмата на Европската Комисија, Клучна Акција 2. Во проектот се вклучени 8 партнери од 7 држави (Белгија, Грција, Италија, Република Северна Македонија, Романија, Словачка и Шпанија), и цели кон развивање и потврдување на иновативни обуки за подобрување на дигиталните компетенции на нискоквалификувани возрасни во Европа, особено фокусирајќи се на возрасни жени. Курсевите за обука се достапни на AXESS ОЕР Платформата – www.axesslearning.eu- и се составени од 10 модули на 7 јазици кои имаат за цел обука на целните групи за решавање на проблеми, распоред на време, користење на иновативна дигитална технологија, најдобро искористување на Интернет и паметни телефони, вработливост, барање работа преку социјални медиуми и други. Партнерите ќе спроведат активности за Тест и Потврдување и ќе соберат повратни информации од целните групи, за курсевите постојано да се подобруваат.