Почитувани,
Здружението Институт за развој на заедницата, Ве поканува да доставите понуда за испорака на услуги за обучувачи за обука на граѓански организации на горeспоменатиот проект.
- Понудата треба да ги содржи следниве информации:
- Финансиска понуда (документ во прилог, анекс 1)
- Тековна состојба на добавувачот (доколку е правно лице), не постара од една година;
- Предлог методологија (формулар даден во прилог, анекс 2);
- Кратка биографија на експерт/и предложен за подготовка на анализа (формулар во прилог, анекс 3)
- Потпишана изјава за ексклузивност и достапност, (документ во прилог, анекс 4)
- Потпишана изјава (доколку се работи за правно лице) дека нема правни пречки за реализација на активноста (документ во прилог, анекс 5)
Повеќе информации за бараниот ангажман и начинот на поднесување понуди можете да најдете во документот насловен Услови за работа даден во прилог подолу.
* Забелешка: Проектите финансирани од ЕУ се ослободени од сите давачки, даноци и такси, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ). Оттаму, единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да бидат прифатени.
Документацијата која се поднесува во копија треба да е заверена од добавувачот со печат и потпис од одговорното лице, со назнака „Верно на оригиналот“.
Понудата се доставува во затворен коверт во архивата на Здружението Институт за развој на заедницата – ИРЗ Тетово (ул. Маршал Тито бр 106, 1200 Тетово) и скенирана на е-пошта cdi.dubravka@gmail.com
На надворешната страна на ковертот наведете: ,,За тендер Реф. Бр. IPA/2015/381 941“ и текстот “Да не се отвора пред сесијата за евалуација”.
Докумените во понудата доставени по е-пошта треба да се скенирани и со печат и потпис од одговорното лице.
Понудата треба да се достави во рок од 30 дена од денот на прием на барањето, но не подоцна од 16.03.2018 година (петок), до 16:00 часот.
Сите понудувачи кои доставиле понуди кои ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани од страна на евалуационата комисија и соодветно известени.
ДОКУМЕНТИ: