Денови на доживотно учење 2018

Работилница “Доживотно учење – предности и можности”.

Хотел Лирак – Тетово, 05.12.2018 – 06.12.2018

 

Со цел да се промовира значењето на  доживотно учење и да се подигне индивидуалната и колективната свест за неопходноста од истото во Република Македонија, да се поттикнат креативни идеи и пристап за промоција и унапредување на неформалното образование на возрасни како сегмент од концептот за доживотно учење, 15-та година по ред во Република Македонија се организира кампањата  Денови на доживотно учење.

Предвидените активности во 2018 година се спроведуваат во организација на Здружение Институт за развој на заедницата (ИРЗ), во соработка со ЈУ Центар за образование на возрасни, со финансиска поддршка од Центарот за доживотно учење во рамките на проектот поддржан ДВВ Интернационал-Бон, Германија, со финансиски средства од Сојузното Министерство за економска соработка и развој на СР Германија.

Во рамките на активностите, се предвидуваат серија на настани со кои што ќе се адресираат сите предизвици и можности поврзани со доживотното учење. Здружение ИРЗ, од 5 до 6 декември 2018 година, во Хотел Лирак – Тетово, организира работилница на тема: “Доживотно учење – предности и можности”.

На оваа работилница ќе се претстават резултатите од истражувањето на понудувачи на неформално образование во Република Македонија, ќе се дискутира на теми поврзани со социјални услуги, проекти и активности на теми од задругарство и рурален развој, како и други теми кои се идентификувани од страна на понудувачите на неформално образование како приоритетни.

Во текот на работилницата, учесниците може да го искористат овој настан да споделат и свои активности на кои што работаат. Предлог дневен ред можете да најдете на следната врска: ДДУ 2018 Предлoг дневен ред.

Работилницата ќе започне на 05 Декември 2018 година со почеток во 14 часот и се очекува да заврши на 06 Декември 2018 година. Трошоците за сместување и храна во Хотел Лирак – Тетово ќе бидат надоместени од страна на организаторот.

Трошоците за пат треба да бидат надоместени од страна на учесниците. На работилницата е предвидено да учествуваат до 30 учесници од различни организации и институции. Една организација може да предложи еден учесник. Сместувањето ќе биде во еднокреветни соби.

Сите заинтересирани учесници може да се регистрираат преку пополнување на формуларот подолу.

Доколку некој од регистрираните учесници сака да го откаже своето присуство, тоа може да го направи најдоцна 3 дена пред одржување на работилницата. Во спротивно, ќе треба да ги надокнади трошоците за резервација на соба во Хотелот.

Повикот ќе биде отворен до пополнување на предвидениот број на учесници.

Доколку Ви се потребни дополнителни информации, Ве молам да контактирате со нас на следниот телефонски број 070-527-568 и електронска пошта info@irz.org.mk