Здружението Институт за развој на заедницата – ИРЗ Тетово во рамките на своите програмски активности го спроведува проектот EYE SEE P2017. Проектот е кофинансиран во рамките на Еразмус за млади претприемачи – Erasmus+ Cosme програмата. Во рамките на проектот ИРЗ е посредничка организација заедно со партнер организации од Германија, Израел, Италија, Литванија, Полска, Романија, Црна Гора и Шпанија.

Во рамките на проектот ИРЗ Тетово распишува повик за:

  1. New entrepreneur – Нови и постоечки претприемачи со искуство до 3 години за размена во некоа од 28-те земји-членки на ЕУ или во други земји кои се дел од програмата КОСМЕ. Размената може да трае од 1 до 6 месеци. За лица кои се уште немаат отпочнато со сопствен бизнис не се бара истиот да го отпочнат по завршивањето на размената.

Потребни документи на англиски јазик:

  • Кратка биографија
  • Мотивационо писмо
  • Бизнис план

Претприемачите добиваат директна финансиска поддршка за реализаиција на размената.

  1. Host entrepreneur – Постоечки претпријатија со работно искуство над 3 години за претпријатие домаќин, која ќе прими лице на практиканство во временски период според однапред потпишан договор. За претпријатие домаќин можат да аплицираат и здруженија кои можат да докажат дека имаат финансиска одржливост преку активности за генерирање на приход.

Потребни документи на англиски јазик:

  • Кратка биографија на директорот/ легалниот застапник на претпријатието
  • Информации за организацијата (година на основање, поле на дејствување, искуство, итн.)

Сите заинтересирани потребните документи треба да ги испратат на cdi.dubravka@gmail.com со назнака New entrepreneur/ Host entrepreneur во зависност од тоа за која програма аплицира, најкасно до 16 Ноември 2018 година до 16:00 часот

Разгледувањето на апликациите ќе биде на принципот “прв пристигнат-прв услужен“ и сите кои изразиле интерес за учество во програмата ќе бидат контактирани.

За повеќе информации околу програмата можете да не контактирате на 078 279 067 или cdi.dubravka@gmail.com . Лице за контакт Дубравка Ѓилас

За програмата:

Еразмус за млади претприемачи е европска шема за мобилност иницирана од Европската унија во 2009 година,  која им дава можност на нови или постоечки претприемачи да добијат практична обука од искусни претприемачи кои работат како мали и средни претпријатија (МСП) во една од 28-те земји-членки на ЕУ или во други земји кои се дел од програмата КОСМЕ.

Програмата им помага на новите и постоечките претприемачи да развијат соодветни вештини за управување и проширување на сопствениот бизнис.

Времетраењето на престојот во странство може да биде помеѓу еден и шест месеци. Европската унија обезбедува финансиска поддршка на новите претприемачи за нивниот престој во странство.

До февруари 2017 година, беа воспоставени повеќе од 4.500 размени и беа примени над 15.000 апликации

Доколку размислувате да започнете бизнис кој ќе обезбеди долгорочна успешност  или веќе сте го започнале, но мора да му се посветите целосно за да заживее, или сакате да се стекнете со нови неопходни знаења и искуства, клучни за вашиот успех како претприемач, успешноста со учество во оваа програма ќе ви биде загарантирана!