Институтот за развој на заедницата – ИРЗ Тетово и Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, на Швајцарската агенција за развој и соработка имплементирана од Свисконтакт, организираат обука за советници за планско производство во земјоделството, за стекнување на знаења за подобра советодавна поддршка во процесот на планирање, одгледување на земјоделските производи, со посебен акцент на органското производство. Обуката е наменета за постоечки советници (предност имаат советници со искуство во органското земјоделство), лица кои имаат предзнаења и искуство во земјоделскиот сектор, односно агрономи, добавувачи на средства за заштита и ѓубрива, дистрибутери, извозници, преработувачи и други квалификувани лица.

Обуката вклучува теми за процедурите за сертификација на органското производство, улогата на теренскиот советник при носење на едуцирани одлуки за избор на почва, семе, технологија, компатибилност на средствата за заштита и ѓубрива, како и целокупното следење на производствениот процес и зголемување на приносот.

Обуката опфаќа два потсектора на земјоделството – овоштарство и градинарство. При пријавување наведете за кој од потсекторите сакате да посетувате обука (заради преклопување на термините имате можност да посетувате само обука за еден потсектор).

Обуката ќе трае три дена и ќе се одржи на 1 и 2 јуни за сите пријавени учесници и на 8 јуни за учесниците кои ќе се определат за градинарски култури, а на 09 јуни за учесниците кои ќе се определат за овоштарски култури. Теоретскиот дел на обуката ќе се одржи во Скопје, додека практичниот дел ќе се одржи на неколку локации низ Македонија. Бројот на места е ограничен на 15 учесници.

Партиципацијата за учество на обуката е 2,000 денари по учесник. За учесниците со место на живеење надвор од Скопје е обезбедено сместување, а ќе бидат покриени и патните трошоци во висина на автобуска карта.

Вашата регистрацијата извршете ја електронски преку пополнување на следниот формулар: https://irz.org.mk/obukazaorg/

Краен рок за поднесување на апликацијата е 18 мај до 17:00 часот;

За подетални информации обратете се до Елизабета Кочовска на cdi.elizabeta@gmail.com или на телефон 071 26 44 78 .