Здружение ИРЗ (Институт за развој на заедницa) – Тетово е непрофитна организација која работи на програми за зајакнување на демократијата и цивилното општество, градење мерки на доверба и подобрување на стандардот на живеење на граѓаните. Со цел да помогне во градење на капацитети на млади невработени лица со високо образование, да се стекнат со вештини кои ќе ги направи конкурентни на пазарот на труд, како и за реализација на своите програмски активности, ИРЗ објавува повик за практикант/ка кој ќе биде вклучен/а во реализација на програмски активности од областа на претприемништво, социјално претприемништво и активности кои генерираат приход.

Потребни квалификации

– солидно/напредно познавање и користење на англиски јазик
– напредно познавање на работа со компјутерски програми
– познавање на MS Office
– да нема пречки за чести патувања во земјата и странство (трошоците се платени)
– да нема други работни или училишни обврски

Придобивки за практикантот

– надградба и зајакнување на сопствени капацитети
– стекнување со нови знаења и искуства
– стекнување на искуство при работа во тим на проекти
– патувања во земјата и странство
– учество на бизнис форуми, конференции за претприемништво, семинари и други настани
– можност за вработување во случај на добиена финансиска поддршка
– дружење и споделување на позитивна енергија.

Времетраење на практиканството

Почеток: Веднаш

Завршување: Три месеци од почетокот (со можност за продолжување)

Практиканството се спроведува во просториите на ИРЗ – Тетово секој работен ден од 10 часот до 14 часот. Локацијата на просториите на ИРЗ може да ја најдете на следната интернет страна: www.irz.org.mk.

Предвиден е месечен надомест на трошоци. Практиканството може да води кон вработување. Повикот се однесува исклучиво за лица од подрачјето на град Тетово.

Доколку сте заинтересирани Ве молиме да го пополните следниот формулар: