Обука за Пртеприемачки вештини за ЕУ Стартапи:  Институт за развој на зедницата – ИРЗ Тетово, за вториот состанок за ТЕСЕУС одржан во Пескара го дава следново соопштение:

 

Домаќин за вториот состанок во рамките на проектот ТЕСЕУС – Обука за Претприемачки вештини за ЕУ стартапи, на 8 Партнери од 7 Европски држави (Белгија, Грција, Италија, Македонија, Романија, Словачка, Шпанија) беше ИДП  во Пескара, Италија, на 21 ви Мај, 2019. Проектот е финансиран од EРАЗМУС + програмата на Европската Комисија, КА2, Стратешко Партнерство за Стручно Образование и Обука.

Проектот подржува вистинско претприемништво и креирање на компании кои ќе го негуваат претприемачкиот талент на ВЕТ студентите преку креирање иновативни алатки и тренинг содржина и за ВЕТ наставниците/менторите и студентите за како да се идентификува бизнис потенцијалот и да се претвори во реални компании и стартапи.  Иновативните алатки и тренинг содржината ќе бидат креирани после длабинска анализа  на состојбата на во Европа и проектните земји.

За време  на состанокот, Партнерите дискутираа за веб страната, административните и финансиските аспекти на ТЕСЕУС, следните чекори кои треба да се преземат до следниот состанок, плус дисеминација на целите, активностите и резултатите од проектот.

Искуството на ИРЗ се базира на 20 години работа во заендицата, решавање на проблемите и потребите на граѓаните и помагање во надминување на предизвиците. Стратешки цели на ИРЗ се : Зголемување на меѓуетничката толеранција, зајакнување на демократијата и граѓанското општество, подобрување на животните услови и животниот стандард, развој и подобрување на стручното образование и обука- доживотно учење.

За подетални информации за иницијативите на ТЕСЕУС и за Институт за Развој на Заедницата погледнете на:

www.teseusproject.eu

www.irz.org.mk

Социјални медиуми : IRZ Makedonija – CDI Macedonia

Електронска адреса/телефон: info.irz@gmail.com ;+389-44-340-677;+389-75-209-876