Брисел, 7 декември 2018

8 партнери од 7 Европски држави (Белгија, Грција, Италија, Македонија, Романија, Словачка, Шпанија) присуствуваа во Брисел на состанок за проектот TESEUS – Тренинг за претприемачки вештини за стартапи, проект финансиран во рамките на Ерасмус + Програмата на Европската Комисија, КА2, Стратешки партнерста за стручно образование и обука.

Проектот е наменет за промовирање на претприемништвото и создавање на компании кои ќе го негуваат претприемачкиот талент на студентите од ИВЕТ преку креирање на иновативни алатки и обуки за наставниците / менторите и учениците за тоа како да го идентификуваат бизнис потенцијалот и да го претворат во вистински компании.

Иновативни алатки и содржини за обука ќе бидат креирани по детална анализа на состојбата во Европа и земјите-партнери на проектот.

За време на состанокот Партнерите имаа можност да се запознаат едни со друг. По презентацијата беше даден преглед на TESEUS, а сите Партнери се согласија за веб страната и логото на проектот.

Конзорциумот започна со реализација на проектот преку планирање на конкретни активности и договарање за програмата за работа. Потоа, Партнерите ги истакнаа активностите за дисеминација за да дадат голема видливост за активностите и резултатите на проектот. Промотивните настани во земјата на секој проектен партнер се предвидени за време траењето на TESEUS за да се поттикне видливоста на проектот и да се шири неговата методологија и резултати.

За повеќе информации за TESEUS и иницијативите на ИРЗ можете да не посетите на:

Веб страна: www.irz.org.mk

Социјални медиуми: www.facebook.com/irztetovo

Email/телефон: info@irz.org.mk; 044 340 677