Здружението Институт за развој на заедницата (ИРЗ) – Тетово учествуваше на третиот Транснационален Проектен Состанок од Проектот AXESS во Атина, Грција.

На 13-ти Декември, ИРЗ – Тетово, Македонија се состана со уште 7 партнери од 6 држави (Белгија, Грција, Италија, Романија, Словачка и Шпанија) во Атина, Грција, да разговараат за одредени точки од проектот AXESS (Стекнување на Клучни Компетенции за Економска и Социјална Одржливост).

AXESS е Европски Проект ко-финансиран од Еразмус Плус програмата на Европската Комисија, Клучна Акција 2. Целта на проектот е развивање и потврдување на иновативни обуки за подобрување на дигитални вештини кај возрасни со ниски-квалификации во Европа, особено фокусирајќи се на возрасни жени.

Досега, во рамките на проектот AXESS се развија 10 Модули за обука и 49 Training Fiches (документи со кои се сумира содржината на модулите за обука) на 7 јазици ( Англиски, Италијански, Македонски, Шпански, Грчки, Романски и Словачки), кои наскоро ќе бидат достапни на AXESS ОЕР Платформа на веб страната:  www.axesslearning.eu/.

За време на состанокот, партнерите ја ревидираа ОЕР (Отворени Едукативни Ресурси) Платформата и курсевите за обука кои се развиени. Исто така партнерите го разгледаа планот во рамките на фазата Тест и Валидација, во однос на време и испорака на курсевите, како и алатките и методите за собирање на повратни информации од учесниците.

Понатаму, Дисеминација и Обезбедување на квалитет беа значајни точки кои се дискутираа со цел да се зголеми видливоста на проектот и да се обезбеди висок квалитет на проектните резултати.

Институт за развој на заедницата, ИРЗ – Тетово е водечка организација за IO4: AXESS Пилот и Валидација. ИРЗ ќе ги координира задачите од планот за валидација до собирање на повратни информации и изработка на Упатства за идна обука.

Повеќе информации за проектот AXESS и ИРЗ – Тетово:

ИРЗ веб страна :www.irz.org.mk

ИРЗ е-маил: info@cdi.org.mk

AXESS веб страна:  www.axesslearning.eu/