Социјално земјоделство во Европа: Здружението Институт за развој на заедницата на трет состанок со партнери во Пловдив

На 22 ноември 2018 година во Пловдив, Бугарија беше одржан трет состанок во рамките на  ФАССТ проектот (Formazione per Agricoltura Sociale e Sviluppo Territoriale) Обука за социјално земјоделство и територијален развој), кофинансиран од програмата Еразмус + на Европската комисија.

На состанокот присуствуваа 9 учесници, претставници на партнерите од 5 земји (Белгија, Бугарија, Италија, Македонија и Шпанија), и се дискутираше за специфични моменти од имплементација на предвидените активности. До сега, во рамките на проектот, развиени се 12 модули за обука за поттикнување на претприемачки иницијативи за социјално земјоделство низ цела Европа. Курсевите ќе бидат достапни на 5 јазици (бугарски, англиски, италијански, македонски, шпански) и објавени на платформата www.fasstproject.eu.

За време на состанокот, партнерите ја ревидираа Платформата за отворени образовни ресурси и ги финализираа курсевите за обука. Исто така ги дефинираа доставувањето на обуката во фазата IO4 –  Тест и валидација, како и алатките и методите за собирање повратни информации од учесниците.

За време на состанокот исто така се зборуваше за споделување на резултати од проектот и важноста да се постигне што поголема видливост на истиот. За таа цел, во наредните месеци ќе се одржат посебни настани за мултиплицирање  од страна на сите партнери во нивните држави.

Со цел да се поттикне поголема видливост на проектот, белгискиот партнер IHF го претстави планот за дисеминација, посочувајќи го најдобриот начин како да се најдат и како да се допре до членовите на Европскиот парламент за да ги вклучат на ниво на дисеминација.

Улогата на ИРЗ во овој проект е да учествува во развојот, дизајнот, тестирањето и валидирањето на FASST курсеви. По периодот на тестирање и валидација, ИРЗ ќе ги дефинира упатствата за идна обука и нивно идно усвојување.

Доколку Ви се потребни повеќе информации во врска со проектот можете да контактирате со нас преку:

www.fasstproject.eu

cdi.dubravka@gmail.com