10382312_10154875005875543_6322975414362248500_o

Младинска размена  во Кршко, Р.Словенија

27.02-07.03.2015

 

Институтот за развој на заедницата- ИРЗ од Тетово како парнтерска организација оваа година учествуваше на Младинската размена  со наслов “ No labels just people”  во рамките на програмата Erasmus + која  се организираше во  Младинскиот центар во Кршко , Р.Словенија во периодот од 27.02-07.03.2015 година.

Во организација на “Drustvo za sirjenja uporabnih znanj”  од  Словенија и ИРЗ  како партнерска организација  од Македониаја учество зедоа и организации од Португалија, Франција и Полска.

Целта на оваа размена беше подигање на нивото на свест меѓу младите луѓе  на теми: стереотипи, предрасуди, културни разлики,расизам, социјална исклученост и  ЕУ политики.

Првите три дена учесниците работеа во мали групи од 4-5 луѓе во зависност до тоа што се деабатираше и задачата која требаше да ја извршат.Се  дебатираше во групи на теми за социјална исклученост , расизам, стереотипи , свесност за ЕУ политики.

Некои од деновите беа посветени на посета на локални организации во Кршко и неговата непосредна близина. Организации  како центар за згрижување, тренинг и едукација “ Сончек” , основното училиште” Михајло Ростохар”, старечкиот дом” Импољца” каде учесниците на размената беа запознаени со активностите на членовите на тие организации.

Една од активностите на размената беше да секоја земја учесник ги претстави видовите на стереотипи,социјална исклученост, расизам во нивната средина.

Интеркултурните вечери исо така беа дел од слободните активности на оваа размена на кои земјите учеснички презентираа јадења и музика традиционални за својата земја.

Наредите денови учесниците по свој избор се поделија во три групи: група за кратки приказни, видео и група за фотографија  и ги разработуваа темите за расизам, предрасуди стеротипи и културни разлики.

Последниот ден групите ги презентираа своите финални резултати така што групата за кратки приказни имаше направено еден вид на стрип со слики, групата за фотографија имаше изложба а видео групата презентираше неколку кратки филмови.